Трансформација на Т.Т.
Во овие 12 недели, си го докажав најважното – дека можам!
Од првиот тренинг знаев дека не ме чека лесен пат, но со секој следен ден го гледав напредокот, не само на телото, туку и во умот. Чувството кога се гледаат резултатите е незаменливо!”
Моите цели беа јасни:
-Да ги намалам телесните масти
– Да го зајакнам телото
– Да изгледам и да се чувствувам посамоуверено
– Да изградам здрава и одржлива рутина
Со правилна исхрана, редовни тренинзи и силна поддршка од мојот тренер, успеав да направам сериозна промена. Мојот струк е потесен, телото поиздефинирано, а енергијата – на највисоко ниво!
„Најважната лекција? Дека дисциплината секогаш победува над мотивацијата. Денес се чувствувам силно, здраво и гордо на себе.“