Трансформација на С.М.
“Пред само 12 недели, не ни замислував дека ќе постигнам ваква трансформација за толку краток период. Одлучив да го започнам овој процес од љубопитност и желба да направам нешто за себе – денес сум пресреќна што одлучив да не се откажам.”
Мојата цел беше јасна:
- Да го зголемам и оформам задникот
- Да го намалам струкот
- Да изгледам и да се чувствувам подобро во своето тело
Резултатите се повеќе од очигледни. За кратко време, со правилно водена програма, постигнав нешто за што мислев дека бара многу повеќе време.
Сѐ започна со структуриран тренинг, следење на исхраната и континуирана мотивација и поддршка од мојот тренер.
Секој тренинг ми беше нов предизвик, но и нова можност да бидам подобра. Најголемата промена не ја гледам само на фотографиите – туку ја чувствувам во секојдневието, во мојата самодоверба и енергија.