Трансформација на В.П.

Трансформација 16 недели

Иако бројката на телесна тежина остана речиси непроменета, телото доживеа комплетна трансформација. Преку процес на рекомпозиција, се зголеми мускулната маса, а се намали телесниот процент на масти – што резултираше со значителна разлика во физичкиот изглед, виталноста и енергијата.  Благодарение на прецизно креиран план за исхрана и тренинг, напредокот беше очигледен уште во првите неколку недели. Веса вложуваше труд без изговори. Секој тренинг го одработуваше со целосна посветеност, дисциплина и јасна намера. Денес не само што изгледа одлично, туку се чувствува посилно, поенергично и ментално поцврсто.  Сликите зборуваат сами за себе – трансформацијата е повеќе од очигледна.  Продолжуваме понатаму, фокусирани на уште поголем напредок!