Трансформација на А.М.
16 недели трансформација – резултати кои зборуваат сами за себе! Вака изгледа кога телото одговара на дисциплина! Започнавме со 88.9 кг, денес е на 90.7 кг – но тука не зборуваме за зголемување на тежина, туку за промена на составот на телото. Со овој клиент започнавме со јасна цел: намалување на телесните масти, зголемување на мускулна маса и постигнување дефиниција, тежок процес особено во краток рок.
За само 12 недели постигнавме:
* Телесни масти: од 20.7% на 16.7%
* Масти во кг: од 18.7 кг на 14.8 кг
* Висцерални масти (најопасните): од 83.2 на 63.3
* Мускулна маса: од 41 кг на 42.8 кг.
Но она што направи разлика беше: дисциплина во исхраната, континуитет во тренинзите, доверба во процесот и постојано враќање – дури и кога не беше 100% мотивиран. Ова е доказ дека не мораш да бидеш перфектен, само треба да бидеш конзистентен и да ги следиш упатствата со доверба. Телото реагира кога ќе му дадеш доволно време, правилна насока и труд. Сликите говорат сами за себе – одлуката да вложиш во себе секогаш се исплати!