Трансформација на И.А.
Горди сме на неверојатната трансформација што заедно ја постигнавме со Илина во период од само 16 недели. Овој резултат е доказ дека со дисциплина, посветеност и правилен пристап – сѐ е возможно.
Клучни фактори за успех:
- Без изговори за тренинг
- Целосна дисциплина
- Мотивација и желба за промена
- Јасен фокус
- Континуирана соработка
- Правилно избалансирана и индивидуално приспособена исхрана
Постигнати резултати:
- Телесна тежина: од 71.6 kg на 62.2 kg
- Мускулна маса: зголемена од 22.3 kg на 24 kg
- Процент на телесни масти: намален од 42.5% на 32%
- Висцерални масти: намалени од 165.9 на 91.9
- Обликувано тело и намален обем
Ова не е само визуелна промена – ова е вистинска, одржлива трансформација што го подобрува здравјето, самодовербата и квалитетот на живот.