Трансформација на М.А.
Кифоза (подгрбавеност) претставува зголемена кривина во торакалниот (градниот) дел од ’рбетниот столб, што најчесто е видливо при седење и се манифестира со завиени раменици нанапред. Најчести причини за нејзина појава се брзиот раст кај децата, неправилна телесна поставеност при седење, како и слаборазвиени мускули на стомакот и грбот.
Преку индивидуално приспособена програма за основна кифоза, заедно со Марија постигнавме видливо подобрување на положбата на телото и спречување на понатамошна прогресија на деформитетот. Со континуирано и правилно вежбање, ја зајакнавме мускулатурата на грбот и целото тело, со што создадовме стабилна и функционална рамка која го поддржува ’рбетниот столб. Дополнително, постигнавме зголемување на мускулната маса и значително намалување на телесните масти.
Овој напредок е резултат на огромна упорност, силна волја, мотивација, но пред сѐ дисциплина и доверба во процесот. Патот не беше лесен, но покажавме дека со труд и соработка сѐ е можно.